HomeДЕНЕШНАПолитикаГошева: Уставноста на СЈО ќе ја оцениме тогаш кога ќе биде време

Гошева: Уставноста на СЈО ќе ја оцениме тогаш кога ќе биде време

Уставниот суд ќе ја оцени законитоста на Специјалното јавно обвинителство тогаш кога за тоа ќе биде време, рече во изјава за телевизија 24 вести претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева.

Таа одби да прецизира кога тоа би можело да се случи и зошто досега СЈО не се најде пред уставните судии.

Од Специјалното јавно обвинителство пак за телевизијата не ја коментираа изјавата на Гошева.

– Нашата работа е да ги истражиме кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите. Ние нема да коментираме за тоа како работат другите институции или во овој случај претседателката на Уставниот суд – рече Ристоска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com