HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Gorillaz“ мистериозно го најавуваат новиот албум

„Gorillaz“ мистериозно го најавуваат новиот албум

Членовите на составот „Gorillaz“ неодамна отворија профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ и го објавија својот нов веб-сајт, непосредно пред објавувањето на албумот, прв после петогодишна пауза. Групата од 2011 година и својот четврти студиски албум ги држи обожавателите во големо исчекување на свежи песни, а бендот се подготвува да ја „угаси жедта“ со својот петти албум во 2017 година, додека неодамна направија чуден онлајн деби.

gorilaz-f2

„Gorillaz“ на новоотворениот профил на „Инстаграм“ објавија 27 фотографии од рани уметнички дела кои датираат уште од премиерниот албум на „Gorillaz“ од 2001 година. Токму ова ги натера обожавателите на оваа група да се запрашаат каков ќе биде новиот албум, додека некои критичари размислуваат дали новата музика ќе потсетува на претходните звуци.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com