Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГори во неколку скопски села – пожарот кај Велешко езеро локализиран

Гори во неколку скопски села – пожарот кај Велешко езеро локализиран

Пожарот кој дивееше кај велешкото езеро „Младост“, ноќеска е локализиран, а во моментов се работи на негово целосно гаснење.

Како што информира денеска Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарот избувна вчера во 14.15 часот и зафати насади од борова шума, а се ширеше со голем интензитет. Во гаснењето биле ангажирани два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување, 10 лица од ТППЕ Велес, четири лица од Шумско Стопанство и други субјекти.

Денеска гори во општина Студеничани, кај селата Елово и Осинчани. Во пожарот, кој избувна вчера, гори мешана шума. Пожарот е локализиран, но не и изгаснат. Вчера таму беше ангажиран еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување, 21 припадник на силите за заштита и спасување и ТППЕ-Скопје.

Утрово е регистриран пожар кај село Дејковец, општина Зелениково, каде што, исто така, гори мешана шума. Во гаснење на пожарот учествуваат два авиони на ДЗС и повеќе припадници на „Македонски шуми“ и месното население.