Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГори и во Велешко – Се запали шума

Гори и во Велешко – Се запали шума

Состојбата со шумските пожари доколку продолжи со ваков интезитет може да стане навистина алармантна, бидејќи за само 24 часа гореше во Кумановско, а сега и во Охридско и Велешко. Нов пожар избувна во Чолошeво и Дурутовец каде гори шума, а ангажирано е и локалното населениe во страв огнот да не ги зафати и нивите со лозја и тутун. На терен се излезени екипи од противпожарната бригада на Велес кои се борат со огнената стихија.