HomeДЕНЕШНАСветГореше покривот на австрискиот Парламент, нема повредени

Гореше покривот на австрискиот Парламент, нема повредени

На покривот на австрискиот Парламент утрово избувна пожар, од каде густ чад се прошири низ централниот дел на Виена. Пожарот избувнал околу 6:30 часот, а во инцидентот нема повредени.

Засега не е позната причината за пожарот, но се претпоставува дека станува збор за дефект во системот за вентилација.

Пред Парламентот пристигнале повеќе возила на итна медицинска помош, а пожарникарите со брза интервенција успеале да го изгаснат огнот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com