Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГордост за македонскиот фудбал – Работнички се радуваше против Трабзонспор на гостински терен

Гордост за македонскиот фудбал – Работнички се радуваше против Трабзонспор на гостински терен

Храброста и упорноста и понатаму е главен адут на нашиот единствен тим кој остана да се натпреварува во елитните европски шампионати. Вчеравечер Работнички успеа по 120 минути игра успеа да ги израдува македонските фудбалски фанови и да извојува уште една помината фаза во квалификациите од Лига Европа.

Спасот за Работнички го пронајде Кире Маркоски кој во 112-та минута го постигна голот за ремизирање на 1:1 со што следен чекор се бараж дуелите.

Тренерот Ангеловски презадоволен од прикажаната игра на своите избраници, за медиумите изјави: „Им честитам на моите фудбалери за резултатот и прикажаната игра. Губевме со 1:0, а од 65.минута игравме и со играч помалку и на крајот се радувавме. Не беше лесно бидејќи за ривал имавме силен и скап тим. Ние одигравме со нашите срца, а му подаривме вистински подарок на нашиот народ. Трабзон беше добар, а ние сме победници.“

Денеска се очекува ждрепката за ЛЕ каде Работнички ќе го дознае противникот за бараж дуелите.