Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЃорчев: СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи граѓаните на Македонија

Ѓорчев: СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи граѓаните на Македонија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев кој застана во одбрана на неговите колеги во налетите на насилниците, денес одржа прес конференција на која посочи дека СДСМ на нелегален начин гласале за Талат Џафери надвор од процедурите за избор на претседател на Собранието.

„СДС го погази Уставот, законите и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДС ја погази демократијата во обидот да го прогласи Талат Џафери за Претседател на Собранието. Одговорност за ваквото антидржавно однесување мора да има. СДС изврши политичко насилство кое подоцна резултираше со физичко насилство.

Ниедно насилство не смее да се оправдува, но СДС има најмалку право да ги прогласува за терористи народот и граѓаните на Македонија кои 60 дена мирно протестираа и без ниту еден инцидент го изразуваа своето несогласување со Тиранската платформа и распродавањето на државните и националните интереси.

Одговорност за насилството мора да има. Не смее пратеник, па макар бил и Зоран Заев да издава наредби за да се пука во Собранието на Република Македонија. Тоа е невиден преседан не само во Македонија туку било каде во светот. Дали Зоран Заев е свесен за последиците од пукањето доколку некој куршум или рикошет завршеше во некој од граѓаните? Дали полицискиот службеник кој го послушал Зоран Заев е свесен дека тој не смее да постапува по партиски наредби, туку единствено согласно законот и процедурите?

Одговорност мора да има. Целата јавност беше сведок како Зоран Заев отпочна со реализација на црното сценарио од Тиранската платформа. Целата јавност беше сведок на срамниот и шверцерски обид да се заобиколи Уставот, законите и деловникот на Собранието на Република Македонија. Секое кршење на законите и процедурите води во насилство и анархија. Зоран Заев беше свесен за тоа. Зоран Заев свесно одлучи да ги испровоцира и предизвика граѓаните, реализирајќи го овој срамен чин после 18 часот, во времето кога веќе два месеци пред Собранието мирно протестираат стотици илјади граѓани од иницијативата „За Заедничка Македонија“. Зоран Заев се надеваше дека доколку се излие револтот на граѓаните, на таков начин ќе го покрие политичкото насилство на СДС“, рече Ѓорчев.