Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃорческа елиминирана во двете конкуренции на стартот на фјучрсот во Анкара

Ѓорческа елиминирана во двете конкуренции на стартот на фјучрсот во Анкара

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз на стартот на ИТФ фјучерсот во Анкара вреден 50.000 долари.

Ѓорческа во првото коло во поединечна конкуренција загуби од третата носителка Јана Фет со 2:0 во сетови (6:4 и 6:0). Ѓорческа беше рамноправна со фаворитката Фет само во првиот сет кога имаше и водство од 4:2 во гемови.

Ѓорческа настапи и во игра на двојки каде со нејзината парнерка Башак Ерајдин загубија од третите носителки Паула Каниа (Полска) и Лесли Керхове (Холандија) со 6:4, 6:2.