Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопје„Ѓорче – Куп 2015“ голем турнир во мал фудбал

„Ѓорче – Куп 2015“ голем турнир во мал фудбал

Голем турнир во мал фудбал во скопската општина Ѓорче Петров. По повод празникот на општината, 20-ти септември, ќе биде одржан традиционалниот „Ѓорче – Куп 2015“ кој и годинава предизвика голем интерес кај љубителите на овој спорт, но и кај голем број на екипи, соопштија претставници на општина Ѓорче Петров.

Досега се пријавени 32 екипи, а организаторите очекуваат да се надмине минатогодишната бројка од 35 и таа да достигне до 40 екипи затоа што пријавувањето се уште трае.

Извлекувањето на натпреварувачките парови на кое ќе присуствуваат претставници од сите екипи, ќе се изврши на 31 септември во 19 часот на повеќенаменското игралиште пред надвозникот во МЗ „Ѓорче Петров“ каде што ќе се играат сите натпревари.

Председателот на организациониот одбор Ивица Вељановски ги соопшти и наградите за најдобрите четри екипи. Победниците ќе добијат 120 илјади денари, второто место носи шеесет илјади денари третото 30 и за прв пат и за четврто пласираниот ќе има награда во износ од 10 илјади денари.

Сите заинтересирани за учество на овој голем турнир сеуште можат да се пријавуваат на 070/ 611 154 и на 071/ 200 138.