Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГорбачов со остра порака: САД отстапуваат од договорите – Русија да се сфати сериозно

Горбачов со остра порака: САД отстапуваат од договорите – Русија да се сфати сериозно

„Независно од тоа кој како се чувствува, Русија мора да биде сфатена сериозно како нација која заслужува почит“, порачал Горбачов.
Последниот претседател на поранешниот Советски Сојуз, Михаил Горбачов, предупредил дека Русија мора да се сфати сериозно и го обвинил Западот дека отстапил од договорот со Русија.

Тој во интервјуто за германскиот дневник „Билд“ кажал дека Западот, а пред се` САД, отстапил од важните заеднички договори. Тој потсетил дека во втората половина од 80-тите години СССР и САД превзеле значајни чекори и почнале да го намалуваат нуклеарното оружје.

„Само помислете на тоа дека 80 отсто од нуклеарниот потенцијал произведен во текот на Студената војна е уништен во тие години“, потенцирал тој додавајќи дека Западот после тоа ја искористил слабоста на Русија после распадот на СССР за себеси да се прогласи за победник во Студената војна.
gorbacov 1
„Принципите на еднаквост во меѓународните односи се заборавени и поради тоа сега сме таму каде што сме“, нагласил Горбачов.
Трката за вооружување е во полн замав, додал тој, укажувајќи на тоа дека трупите се префрлени во Европа, вклучувајќи го и тешкото вооружување.

„Не толку одамна силите на НАТО и Русија беа стационирани далеку едни од други. Сега се наоѓаат едни до други“, констатирал тој укажувајќи на тоа дека високите претставници на војските стануваат се` повеќе милитантни, поради што постојат сите индикации дека повторно е формирана Студената војна. Како што вели Горбачов, таа Студена војна би можела да стане жешка ако само седиме и не преземаме ништо, пишува „The Independent”.

„Независно од тоа кој како се чувствува, Русија мора да биде сфатена сериозно како нација која заслужува почит“, порачал Горбачов.