Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаГоран Драгиќ потпиша за Мајами

Горан Драгиќ потпиша за Мајами

Горан Драгиќ денеска стави потпис на петгодишниот договор за игра во Miami Heat вреден 90 милиони долари.

Некаде кон средината на ланската сезона Драгиќ од Феникс пристигна во Мајами,со што беше јасно дека „жешките“ ќе мора да му понудат добар договор и да го убедат да остане на Флорида.

Се претпоставува дека Драгиќ може да биде еден од главните лидери во сезоната која следува, со оглед на тоа што се шпекулира дека Двејн Вејд би можел да го напушти клубот.