Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаGoPro со огромни проблеми, акциите паднаа за дури 28 проценти

GoPro со огромни проблеми, акциите паднаа за дури 28 проценти

Прогнозите за приходот, намалувањето на вработените и разочарувачката продажба на камерите за време на празниците се причина за пад на акциите на познатиот производител на камери GoPro. BBC пишува дека предвидениот приход од 435 милиони долари за четвртиот квартал на годината е нималку близу до пазарните очекувања за 512 милиони долари, па поради тоа акциите се снижија за дури 28%.

Како причина се наведува и конкретната цена на камерата Hero4 Session за која од GoPro изјавија дека побарувачката е намалена поради цената со која производот се нуди на пазарот. Бројот на вработени ќе се намали за 7% и тоа ќе чини до 10 милиони долари во форма на трошоци за реструктуирање.