Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТGoPro HERO+ LCD во акција за 299 долари

GoPro HERO+ LCD во акција за 299 долари

GoPro ја претстави новата акциона камера HERO+ LCD која има далеку пониска цена од претходните модели кои се продаваат за 400 или 500 долари, а е малку поскапа од најосновната камера HERO но, затоа пак нуди тач дисплеј и снимање на Full HD видеа со 60 кадри во секунда, како и слики со 8 мегапиксели.

LCDTouchBacPac_683x426_5

GoPro HERO+ LCD нуди одлични перформанси поради квалитетната камера со оптичка стабилизација и голема меморија, што е сосема доволно за корисниците со ограничен буџет на кои не им требаат видеа и слики во уште поизразена резолуција. GoPro исто така е под притисок да ги спушта цените бидејќи на пазарот се појавија и одлични конкуренти од кинеските брендови.