HomeДЕНЕШНАЕкономијаGoogle се освести и преку Alphabet ќе го чува богатството

Google се освести и преку Alphabet ќе го чува богатството

Google реши дека е доста со експериментирање во менаџментот и корпоративната управа и затоа формираше нова „чадор“ комапанија која ќе биде задолжена за финасиите и капиталните проекти под името Alphabet.

google alphabet new

Во Alphabet ќе влезат сите досегашни директори, Лери Пејџ ќе ја има главната улога како извршен директор, Сергеј Брин ќе ја има функцијата на претседател, а долгогодишниот партнер Ерик Шмит ја носи титулата извршен претседавач. Во Alphabet ќе влезат одделите Nest, Fiber, Google Ventures, Google Capital и Google X кои нема да бидат на финансиски товар на Google.

„Нашата компанија денес функционира добро, но мислиме дека може да создадеме почиста и поодоговорна состојба. Затоа ја креираме новата компанија Alphabet. Навистина сум возбуден што ќе бидам на челото на Alphabet, со помошта на мојот способен партнер Сергеј Брин“, изјави Лери Пејџ новиот CEO.

Од друга страна пак сите технологии и апликации ќе бидат одвоени во основната компанија Google каде ќе влезат Android, YouTube, Gmail и останатите сервиси. За главен извршен директор е поставен Сундар Пичаи досегашниот шеф на Android.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com