Sunday, Jun 25, 2017
HomeГИГА БАЈТХај текGoogle Maps ќе ви открие се за соларна енергија во домот

Google Maps ќе ви открие се за соларна енергија во домот

Се поголем број на луѓе се интересираат за инсталирање на соларни панели, па при тоа истражувањето го прават преку Google Search. Токму затоа Google реши на луѓето да им даде подобар одговор и тоа преку податоците кои веќе ги има во Google Maps за сончевата изложеност од сателитските снимки.

Google Maps преку проектот Sunroof ќе ви открие колкава количина на сончева енергија доаѓа до вашиот покрив, колкава е изложеноста и потенцијалите, а ќе ви даде и совети за техничките детали. Идејата е и веднаш да се поврзете со локални мајстори кои ќе може да ви ја изршат инсталацијата на соларните панели со кои ќе заштедите енергија, ќе инвестирате и ќе ја заштите природата со чист извор на струја.

 

Извор: telefoni.mk