Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаGoogle ја честиташе македонската независност

Google ја честиташе македонската независност

Интернет прелистувачот Google се придружи на честитките за 8 септември, празникот на независноста на Македонија со посебен информативен цртеж (Doodle) кој води до линкови од веб страни поврзани токму со овој значаен ден за македонскиот народ. Цртежот се наоѓа на почетната страна на Google со истакнато македонско знаме. На 8 септември македонскиот народ на референдум се изјасни дека сака да формира сопствена независна држава и на мирен начин се повлече од Југославија чии република беа пред крвава граѓанска војна.