Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонGoogle е фатен на дело?!

Google е фатен на дело?!

Гигантската компанија за пребарување Google, дури сега е во неволја. Конкурентот Yelp е решен малку да го сопне гигантот, бидејќи е негова конкуренција, со тоа што финансирал мало истражување. Европската унија го нападна „Google“ за манипулација на резултатите во пребарувањето. Тоа значи дека корисниците се измамени со резултатите при пребарувањето од компанијата, со цел да се отстрани конкуренцијата.
google
Професорот на правниот факултет во Колумбија, Тим Ву, направил истражување по нарачка од Yelp за да ги провери тврдењата на ЕУ. За целите на истражувањето Ву применувал алатка за да ги замени стандардните резултати со надворешни линкови, кои излегуваат како најблиски одговори на барањето на корисниците. Според испитувањата, Ву утврдил дека Google ја промовира сопствената содржина како алтернатива на резултатите од други веб-страници.

Тоа значи дека компанијата не ги нуди оптимално најдобрите резултати за корисниците, туку ги рекламира сопствените. Членки на Европската унија реагираат дека ова истражување добро ќе им дојде како веродостоен доказ против Google.
Google не паѓа на грб и ги отфрла обвинувањата. Затоа и се обратил на ЕУ, тврдејќи дека резултатите се доволно конкурентни и објективно и оптимално излегуваат содржините, а обвинувањата се лажни и пристрасни.

извор:Телефони.мк