Wednesday, Oct 18, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонGoogle Drive за Android за најбрзо уредување на фајлови

Google Drive за Android за најбрзо уредување на фајлови

Мобилната апликација на Google Drive за Android доби неколку екстра измени и преку неа ќе може да се симнуваат повеќе фајлови и документи истовремено што значително ќе ви заштеди време. Со Google Drive сега може и да испраќате повеќе фајлови до вашите контакти за пристап со можност за нивно уредување или превземање.

google-drive-logo

За споделувањето на документи може да одберете исто така повеќе лица истовремено, со тоа што може да поставите различни улоги за уредувањето. Новата верзија на Google Drive може бесплатно да ја превземете од Play Store или пак да ја надградите доколку веќе ја користите.

Извор: telefoni.mk