HomeГИГА БАЈТСмартфонGoogle подари 550.000 долари на лица кои откриле пропусти во Андроид

Google подари 550.000 долари на лица кои откриле пропусти во Андроид

Откако „Гугл“ лани ја покрена програмата Андроид секјурити ревардс, подели над 550.000 американски долари на сметки на 82 лица кои успеале да најдат безбедносни пропусти во најраширениот оперативен систем на пазарот.

На пример, најуспешниот „ловец на багови‟ успеал да заработи 75.750 долари, бидејќи пронашол 26 безбедносни пропусти. Освен него, уште 15 лица успеале да заработат над 10.000 долари, со што сите 82 лица во просек заработиле по 6.700 долари.

Ако лицето вклучено во програмата вложи свои пари во тестирањето на системот, ќе може да добие и повеќе пари. Исто така, висината на наградата зависи од тоа колку е пропустот опасен и тежок за решавање. Тие кои ќе најдат начин да го компромитираат уредот преку апликација или ќе најдат решение за критичниот проблем на начин да не се користат
андроидови вградени безбедносни опции, може да добијат награда од 10.000 до 20.000 долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com