HomeГИГА БАЈТ„Google“ денес во знакот на Параолимписките игри

„Google“ денес во знакот на Параолимписките игри

Глобалниот интернет пребарувач „Google“ денес својата почетна страница им ја посвети на параолимпијците. Параолимписките игри, 15 по ред, ќе започнат вечерва во Рио Де Женеиро и ќе траат до 17 септември. На игрите во Рио ќе учествуваат повеќе од 4.300 спортисти од 176 држави, во 23 спортски дисциплини.

Првите параолимписки игри се одржани во Рим 1960 година. Параолимписките игри се одржуваат истата година кога и Олимписките игри, а до крајот на осумдесетите и почетокот на девеесетите години години од 20 век се одржуваат на исто место како и Олимписките игри.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com