HomeГИГА БАЈТПЦGoogle го снима секој ваш чекор, а сега ви дава и увид

Google го снима секој ваш чекор, а сега ви дава и увид

Google објави нова опција за подесување на приватноста, со чија помош корисниците на едно место можат да пронајдат се што Google бележи за нивните активности на интернет. На страницата My Activity имате детален преглед за се што се правеле на Google и неговите сервиси. Таму можете да ја пронајдете комплетната историја на сурфањето, прашањата што сте му ги поставиле на Google, пребарувањето на сликите, видеата од YouTube, картичките Google Now, итн.

Android корисниците и оние што се потпираат на услугите на Google веројатно на овие страници ќе го откријат целиот свој онлајн живот. Ако сакате да ја намалите количината на податоци што Google ги чува за вас, употребете ги подесувањата на страницата Activity Controls, каде можете да го паузирате собирањето на податоците во врска со вашата активност на веб.

Новата опција е поврзана со една голема промена на сервисите на Google. Имено, Google сега користи податоци што ги собрал од вас за да ви ги испорача подобрите целни огласи не само на сопствените сервиси, туку и на други веб страници. За да го исклучите овој нов облик на следење на огласи, отворете ја оваа страница. На неа можете да ја исклучите опцијата “ads based on your interest”, како и “ads based on your interests on websites beyond google.com”.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com