HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Goodnight Gotham“ од Ријана доби видео-презентација!

„Goodnight Gotham“ од Ријана доби видео-презентација!

Бонус песната од осмиот студиски албум на Ријана „Anti“, „Goodnight Gotham“, доби видео-презентација, а во главните улоги се Ријана и нејзините обожаватели во Париз. Снимањето на спот со обожавателите е еден од начините уметникот да им се одолжи барем на еден дел од армијата обожаватели.

Ријана на тој начин направила видео-клип за песната „Goodnight Gotham“, а за место на настанот бил одбран плоштадот Трокадеро во Париз. Брзата и хаотична сцена режирана е како емотивна, долго очекувана средба. Ријана трча кон публиката пред Ајфеловата кула додека пристуните ја фотографираат со мобилните телефони.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com