HomeДЕНЕШНАЕкономијаГоломеов контра екологистите – Рудникот Иловица ќе биде безбеден

Голомеов контра екологистите – Рудникот Иловица ќе биде безбеден

Професорот Благој Голомеов од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за медиумите изјави дека рудникот за бакар и злато кој треба да се гради во с.Иловица во општина Босилово ќе биде безбеден и нема да има никакви последици врз животната средина иако голем број на еколошки организации и зелената партија ДОМ жестоко се спротиставија на проектот поради хемиските процеси кои имаат потенцијал да ја загадат земјата и почвата, особено големата површина на плодно земјоделска обработлива површина.

proekt-ilovica

– Импактот врз животната средина е скоро никаков, зошто технологијата која е усвоена, проектот кој е изработен е без никакво испуштање загадени води во околината. Ќе се врши рецекулација на водата. Јаловиштето кон внатрешната страна ќе има геомембрана, значи низ него ќе има каменонасипна брана без никакво дренирање на вода низ телото на браната. Во случај ако првите години дојде до излевање на вода по околниот карпест терен тие под браната со додатна акумулација ќе бидат примени и собрани и повторно ќе бидат употребени во технолошкиот процес. Овој капацитет годишно ќе троши по околу 22 милиони метри кубни годишно, па 80 проценти од водата ќе се враќа назад, објаснува проф. Голомеов.

Сепак, тоа што не го предвидува професорот е од каде ќе се обезбеди огромното количество на вода кое потребно на дневно, а камоли на месечно и годишно ниво за да се одржува процесор на перење на рудата која ќе се вади, а таа ќе изнесува стотина тони.

Голомеов ја истакнува и економската вредност на проектот кој ќе биде доделен на странска компанија Еуромакс Рисорсис која ќе има огромен златен потенцијал за експлоатација вреден 10 милијарди долари, но концесискиот надомест за државата изнесува само 2% на еден тон на руда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com