HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолемото англиско дерби заврши без победник

Големото англиско дерби заврши без победник

Големото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед на „Енфилд роуд“, кое заврши без победник. И двете екипи влегоа мошне претпазливо во овој натпревар, а први се заканија домашните фудбалери.

Роберто Фирмино упати незгоден удар со глава во 30. минута, но голманот на „ѓаволите“, Давид де Геа беше одлично поставен. На тоа возврати Манчестер јунајтед преку Ибрахимовиќ, но за среќа на Ливерпул, Швеѓанецот беше во офсајд позиција.

Емре Чан беше фудбалерот кој беше во идеална шанса да го отвори резултатот, кој испрати одлична топка кон голот на противникот, но Де Геа беше повторно на висина на задачата. Во 71. минута Фирмино беше повторно во позиција да се запише во листата на стрелците на овој меч, и неговиот обид од 30. метри добро го одбрани шпанскиот голман на „ѓаволите“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com