HomeДЕНЕШНАРепубликаГолемо мултимедијално шоу како круна на Караванот на слободата

Големо мултимедијално шоу како круна на Караванот на слободата

Караванот на слободата ќе биде крунисан со голем мултимедијален спектакл на кој ќе настапат Тони Зен, Бени и Нон Стоп, Мугер Фугер, Лилит и Амон Мра, Шутка Рома Рап и Кристина Арнаудова, ќе се одржи утре (сабота, 1 октомври) со почеток од 20 часот на Јадран Сквер.

Покрај концертите на големите имиња од македонската сцена, со поетски перформанси ќе се појават Елена Пренџова, Дарко Лешоски, Дијана Тахири и Рина Јанкуловска.

Уметничката работилница на отворено со ликовните уметници Мирослав Стојановиќ – Шуки, Касиопеја Наумовска и Тома Димовски.

Караванот на слободата во изминатите три месеци одржа шест големи мултимедијални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово, Куманово и Штип и посети повеќе од 40 општини во земјата, а тимовите на ЦИВИЛ беа во директна комуникација со илјадници граѓанки и граѓани.

Големото финале на Караванот на слободата е повеќе од концерт – се вели во ЦИВИЛ. Тоа е моќна порака на слободата во која, секој што ќе биде во публиката, ќе може да ја сподели. Ова е настан што не се пропушта!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com