HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолемиот Стиви Џи стави крај на својата фудбалска кариера!

Големиот Стиви Џи стави крај на својата фудбалска кариера!

1381059_640

Легендарниот фудбалер на Ливерпул одлучи да стави крај на својта фудбалска кариера. Стивен Џерард и официјално ја потврди оваа информација дека повеќе нема да се занимава со фудбал, барем не како играч. Џерард е дете на Ливерпул, клуб во кој помина 18 години, а за првиот тим дебитираше во далечната 1998 година, одигра 710 натпревари и постигна 186 погодоци во црвениот дрес.

la-galaxy-v-barcelona

Во Ливерпул пристигна како седумгодишно момче во далечната 1987 година, а клубот го напушти во 2015 година кога заминаво Ла Галакси. Во дресот на Ливерпул освои девет титули, а најголемата титула која му недостасува е освојувањето на Премиер лигата. Ја освои Лигата на шампионите, во познатото финале во 2005 година во Истанбул, два ФА купа, три Лига купа, Комјунити шилд, куп на УЕФА и Суперкуп на Европа.

liverpool-v-qpr

„Имав неверојатна кариера и благодарен сум за секој момент поминат во дресот на Ливерпул, англиската репрезентација и Ла Галакси. Имав многу среќа да уживам во таква кариера, но ништо немаше да успее без огромната поддршка на голем број на навивачи. Возбуден сум поради својата иднина и чувствувам дека имам уште многу работи кои можам да ги придонесам во оваа игра на било кој друг начин. Моментално сакам да си земам слободно време и да размислам околу бројните опции и да донесам конечна одлука околу следниот чекор во кариерата“, истакна Стиви Џи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com