Thursday, Mar 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласГолемиот корален гребен не е на пописот на загрозени наследства

Големиот корален гребен не е на пописот на загрозени наследства

Комисијата за светско наследство УНЕСКО информираше дека перспективата на австралискиот Голем корален гребен не е баш најдобра со оглед на загадувањето и климатските промени, но најголемиот корален гребен на светот сепак не е ставен на пописот на „загрозени“ наследства.
greben
Некои активисти за заштита на околината од комисијата побараа гребенот да се стави на пописот на загрозени, што, според нивното мислење, би го принудило австралискиот премиер Тони Абот да преземе поостри мерки за зачувување на еден од најважните светски живеалишта. Австралија до 2050 година планира да го осигура гребенот со дополнителни инвестиции во смалувањето на загадувањето и со воведување на забрана на развој на нови пристаништа. Властите најавија вложување на осум милиони австралиски долари во надзор на овој екосистем.

„Климатските промени, лошиот квалитет на водата, загадувањето од бродовите и фрлањето во море на остатоците од градење се најголемите закани во зачувувањето на еден од најважните екосистеми во светот“, се вели во одлуката на УНЕСКО, усвоена по преговорите во Бон. Големиот корален гребен на Австралија годишно од туризам и носи милијарди долари. Комисијата ги објави називите на 45 загрозени места во светот, межу кои коралите во Белизе и градот Тимбукту.