Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиГолемата лондонска ѕвезда Dj Angelo вечерва во Капан Ан!

Големата лондонска ѕвезда Dj Angelo вечерва во Капан Ан!

Вечерва дворот на клубот Капан Ан, за единаесеттото издание на Funky Fresh вечерите ќе ве забавува специјален гостин од Лондон – големиот DJ ANGELO. Настанот ќе помине со домашна поддршка од Funky Fresh DЈs. Журката започнува на полноќ, влезот ќе биде 100 денари до 1.00 часот, потоа 150 денари.

Репутацијата на DJ Angelo како еден од најпочитуваните и најсестраните Dj-и продолжува да се шири низ светот. Од локален херој до интернационално признат DJ и идол – изминатите неколку години DJ Angelo настапува на секој континент на светот, забавувајќи огромни фестивалски публики, и го дели подиумот со дел од елитата во музичката индустрија. Со преку 15 годишно искуство, DJ Angelo заслужено го држи местото на еден од најпочитуваните„ комплетни ди-џеи“.