Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолема трагедија: Почина поранешниот фудбалер на Њукасал!

Голема трагедија: Почина поранешниот фудбалер на Њукасал!

Поранешната ѕвезда на Њукасал и репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, како и член на кинескиот второлигаш Беијинга, Шеик Тиоте колабрираше на денешниот тренинг, а на пат до болница починал, како што се претпоставува од срцев удар.

Тиоте е роден во 1986 година, а првиот сериозен чекор во својата кариера го направи во тимот на Андерлехт, од каде што оди на позајмица во холандска Рода, да во 2008 година за 2,5 милиона евра го откупи Твенте. Во периодот 2010-2017 играше за тимот на Њукасал каде одигра 156 натпревари постигна еден гол и девет асистенции и важеше за еден од најдобрите играчи на Њукасал во тој период.

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска одигра 55 натпревари и постигна 1 гол. Овој последен играч од средниот ред имаше 30 години кога го остави светот без еден добар и борбен играч од средниот ред за кого немаше изгубена топка, но сепак ја изгуби онаа најважната борба…..