HomeДЕНЕШНАСветГолема трагедија во Колумбија, се урна авион со 81 патник, меѓу кои и бразилски фудбалери

Голема трагедија во Колумбија, се урна авион со 81 патник, меѓу кои и бразилски фудбалери

avion-kolumbija

Страшна авионска несреќа се случи во Меделин, Колумбија, откако патнички авион со 72 патници и 9 членови на екипажот, меѓу кои и фудбалерите на бразилскиот тим Шапекоен се се урна во близина на аеродромот. Колумбиските медиуми објавија снимки од местото на падот на авионот во кој се наоѓале и бразилски фудбалери, а каде што спасувачките екипи се обидуваат да најдат преживеани.

avion-fudbaleri

Авионот се урна во текот на ноќта, а лошите временски услови не дозволувале евакуација од воздух, туку повредените биле пренесувани до болниците по копнен пат.

Колумбиските медиуми јавуваат дека двајца фудбалери се идентификувани и префрлени во болница, а покрај нив била спасена и една припадничка на екипажот на авионот, додека потрагата по другите 81 патник и член на екипажот продолжува. Одредени медиуми јавуваат дека досега се пронајдени шестмина живи.

fudbaleri-brazil

Според првичните информации меѓу преживеаните е и фудбалерот Алан Рушел, додека после некоја минута стигнала информација дека меѓу преживеаните фудбалери е и голманот Маркус Данило.

Алан Рушел , додека после некоја минута стигнала информација дека меѓу преживеаните фудбалери е и голманот Маркус Данило.

Засега не се познати причините за падот на авионот, медиумите пренесуваат различни информации, од тоа дека станува збор за механички дефект, до тврдења за снемување гориво. Притоа, авионот на пат од Сао Паоло до Медејин принудно слетал во Боливија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com