Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГолема сообраќајка кај Стража – пет повредени, патот блокиран

Голема сообраќајка кај Стража – пет повредени, патот блокиран

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на патот Кичево-Скопје, во близина на преминот Стража. Од СВР Охрид известија дека во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „мерцедес“ со италијански регистерски таблички и „голф“ со скопски, а сообраќајката се случила на кичевската страна на патот.

soobrkajka

Повредените лица се префрлени во кичевската болница, а едно потешко повредено лице, поради сериозноста на повредите, ќе биде префрлено на скопските клиники.

Увид на местото вршат полициски екипи и јавен обвинител.

Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот е во прекин во двата правци додека не се расчисти местото на несреќата и не заврши увидот.

Фото: Агрон Адеми