HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолема победа против Шкотска за пласман на Европското првенство на нашата репрезентација!

Голема победа против Шкотска за пласман на Европското првенство на нашата репрезентација!

Младата Македонска репрезентација, односно фудбалерите до 21 година остварија огромен успех пласирајќи се на Европското првенство во Полска благодарение на денешната победа на домашен терен против селекцијата на Шкотска со резултат од 2:0. Натпреварот против Шкотска вечерва го решија Кире Марковски со голот во 18 минута и Енис Барди во 22 минута.

Mакедонија можеше и да ја декласира Шкотска уште во првото полувреме кога беше и досуден пенал за нашата селекција, но за жал Давид Бабунски не беше прецизен од белата точкаво 38 минута од натпреварот.

Во второто полувреме доминацијата на Македонија продолжи, ја контролиравме играта на теренот и рутински го приведовме натпреварот до крајот по кој заслужено се радуваме на овој историски подвиг. Големо браво за младите хеорои кои го остварија најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com