Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионГолем скандал во СПЦ: Свештеник макро нудел познати пејачки

Голем скандал во СПЦ: Свештеник макро нудел познати пејачки

Српската полиција дошла до сознанија дека на самиот врв на елитната проституција во Србија е духовно лице од Српската Православна Црква (СПЦ), а меѓу неговите штитенички се две сестри и поранешна членка на денс група од 90-тите години, пишува српски Курир.

Во опсежната акција што полицијата ја спроведува со намера да се разбие синџирот на елитна проституција се дошло до сознанија дека еден од макроата е и свештеник на СПЦ од Република Српска. Информациите добиени на терен се уште се проверуваат, а како што наведува добро известен извор за српски „Курир“ тие јасно упатуваат на тоа дека попот подведувал одредени личности од естрадата.

Така постојат основани сомненија дека негови штитенички се две сестри што прилично и се добро познати на јавноста, а со нив во пакет е и една фолк пејачка чија што кариера ја следат скандали, а која зема големи хонорари за пеење на црковни прослави.

На списокот на свештеникот е и една членка на денс група од 90-тите како и една мисица која од време навреме се појавува во српските медиуми. Истиот овој свештеник во минатото бил осомничен за продажба на наркотици, но и за подведување на малолетници за едно високо свештено лице од СПЦ. Истражните органи веруваат дека тој е на самиот врв на елитната проституција.