Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаГолем скандал го тресе Фолксфаген – Казни до 18 милијарди еври

Голем скандал го тресе Фолксфаген – Казни до 18 милијарди еври

Германскиот автогигант го тресе голем скандал за лажирање на издувните гасови преку софтвер кој давал погрешни отчитувања за заобиколување на американските прописи. Возилата се произведени во периодот од 2009 до оваа година и скандалот силно се одразува на довербата бидејќи погодени се околу 11 милиони автомобили наменети за американскиот пазар.

Мaјкл Хорн шефот на Фолксфаген САД посрамено одговори „ Целосно ја зезнавме работата“, а вредноста на акциите на компанијата паднаа за дури 20 проценти. Волксфаген издвоил 6.5 милијарди евра за промена на софтверот на возилата и делот за регулација на издувните гасови, а се соочува и со казна од 18 милијарди евра.

Францускиот министер за економија Мишел Сапен побара и европска истрага за Фолсфаген поради различните регулаторни стандарди во САД со цел да се утврди колкав е проблемот и на европско тло, а истото го побара и за француските производители за да се тргне било каков сомнеж.