Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГолем протест за да се превземе нешто за загадувањето

Голем протест за да се превземе нешто за загадувањето

Повеќе граѓански организации кои во изминатите недели го концетрираат незадоволството на граѓаните од загадениот воздух и непревземањето на порадикални мерки за заштита најавија дека во понеделник ќе се одржи голем простест пред Владата на Република Македонија и ги повикаа сите да и им се придружат во масовноста. vozduhСпоред мерните станици подолг период присуството на штетни честички во возхудот во Скопје, Тетово и повеќе градови низ Македонија е за десетина пати над дозволеното што е навистина кобно за здравјето на луѓето, но итните мерки кои се предвидени се уште не се стапени на сила.

Тука се мисли на воведување на сообраќајни рестрикции за возилата кои загадуваат, поевтинување или бесплатен јавен превоз во критичниот период, како и активности на терен за откривање на големите загадувачи и нивна суспензија, но ништо такво не видовме во изминатите денови.

На протестот ќе излезат граѓанските организации Фронт 21/42, Скопје смог аларм, битолската За нас се работи, тетовската Еко герила и уште многу други иницијативи покренати пред се на социјалните мрежи.