HomeФЕР ПЛЕЈФудбалГолем проблем за одбраната на Баерн Минхен

Голем проблем за одбраната на Баерн Минхен

Шпанецот ќе мора да паузира. Дефанзивецот на Баерн Минхен Хави Мартинез ќе мора да паузира одредено време поради повреда на задната ложа. Се уште не е познато колку Шпанецот ќе отсуствува, но сигурно е дека ќе ги пропушти натпреварите на селекцијата на Шпанија со Италија и Албанија.

Оваа вест ја потврди фудбалската федерација на Шпанија со напомена дека Хави Мартинез повредата на задната ложа ја заработил на последниот натпревар против Келн. На тој натпревар покрај Мартинез и Ариен Робен повторно се повреди и му создаде нови главоболки на Анџелоти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com