Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГолем пожар во зградата на ЕВН

Голем пожар во зградата на ЕВН

Утринава изби голем пожар во зградата во која се наоѓа седиштето на ЕВН по што веднаш беа активирани повеќе противпожарни единици со пет возила кои брзо се обидоа да се справат со пламенот и да не дозволат оваа препознатлива повеќекатница во центарот на градот да се запали целосно.
evn pozarПричините за избувнување на пожарот се уште не се познати бидејќи пожарникарите се уште ја довршуваат интервенцијата, а засега се претпоставува дека пламенот избил од внатрешноста на зградата. Информации за повредени нема, а зградата брзо е евакуирана.
evn pozar2Оваа несекојдневна глетка за момент ги сопре и граѓаните кои минуваат низ плоштадот Македонија кон своите обврски и работни места. Инаку на зградата се изведуваат и градежни активности за поставување на нова фасада.