Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаГолем пожар во стан во Чаир, седум лица повредени

Голем пожар во стан во Чаир, седум лица повредени

Во Чаир синоќа избувна голем пожар во стан на улицата Џон Кенеди. Со изгореници од втор и трет степен на двете раце се здобил 31-годишниот Х.Ф. кој е задржан во Ургентен центар-пластична хирургија. Во пожарот се повредени и И.Ф.(66), Р.Ф.(35) и С.М.(20), кои се задржани во Ургентен центар-токсикологија, како и три деца на возраст 11, 7 и една година кои се задржани во Ургентен центар– педијатрија. Пожарот е локализиран и угаснат со што се спречило ширење на соседните станови во зградата, а денес ќе се изврши и увид за се утврдат причините за избувнување на пламенот.