Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГолем пожар во Шпанија – стотици луѓе евакуирани

Голем пожар во Шпанија – стотици луѓе евакуирани

Стотици луѓе денеска се евакуирани од три вили на источниот брег на Шпанија откако голем пожар ги зафати туристичките подрачја во близина на Валенсија и Бенидорм.

Воените единици за вонредни ситуации испратија дополнителни 40 пожарникари за да го изгаснат огнот, што синоќа почна да се шири со голема брзина низ одморалиштето Коста Бланка.

Полицијата ги истражува причините за пожарот, за кои тврди дека се „сомнителни“.

Во пожарот изгореа најмалку 20 куќи, а стотици жители и туристи се евакуирани.