Monday, May 29, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаСообраќајка по големиот пожар на патот Свети Николе – Куманово

Сообраќајка по големиот пожар на патот Свети Николе – Куманово

Голем пожар вчера беснееше кај селото Павлешенце, на патот Куманово – Свети Николе. Екипите на противпожарната бригада излегоа  на терен и го изгаснаа  пожарот, а сообраќајот подлг период беше во прекин. За жал кратко по неговото изгаснување дојде до потешка сообраќајна несреќа предизвикана од намалената видливост поради чадот од изгорената вегетација покрај патот. Во несреќата на возила од Куманово и Свети Николе три лица се повредени, од кои едно потешко. Инаку изгорени се 100 хектари шума.