Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаГолем помор на риби во Кумановка

Голем помор на риби во Кумановка

Помор на риби забележале рибарите во текот на вчерашниот ден, информираа денеска надлежните од здружението на спортски риболовици „Пчиња„-Куманово. Поморот на различни видови риби со различна големина е забележан во долниот тек на реката Кумановка, кај вливот на Кумановка во Пчиња се до т.н. „Искрин Мост“.

– Се уште не е утврдена причината за поморот на риби. Сепак, станува збор за поголема количина на угинати риби. Нашите членови веднаш пријавија и кај инспекторите по рибарство од МЗШВ и кај нас, веднаш земени се мостри и од реката и од угинатите риби кои ќе ја покажат причината за поморот на риби, изјави денеска претседателот на ЗСРРК „Пчиња“, Роберт Лазаревски.