Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеГолем број верници го исполнија скопскиот плоштад на светата миса за Мајка Тереза

Голем број верници го исполнија скопскиот плоштад на светата миса за Мајка Тереза

На скопскиот плоштад денеска се одржа понтификална света миса по повод прогласувањето на Мајка Тереза за светица минатиот викенд во Ватикан. Денешната миса на скопскиот плоштад беше централен настан на прославата „Денови на Света Мајка Тереза“, која траеше седум дена. Мисата ја водеше специјалниот папски кардинал, сараевскиот надбискуп Винко Пулиќ. На мисата присуствуваа претседателот, Ѓорѓе Иванов, претседателот на собранието, Вељаноски, министерката за култура и други државници.
misa-plostad
Родена во Скопје како Агнеза Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза на 4 септември на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан беше прогласена за светица од папата Фрањо. Мајка Тереза почина во 1997 година во Колката, Индија, а во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.misa-plostad-2

misa-plostad-3

misa-plostad-4