Tuesday, Apr 23, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРДизајнГолем базар со многу попусти на македонски дизајн во Јавна соба

Голем базар со многу попусти на македонски дизајн во Јавна соба

Во претстојниот викенд на 9-ти и 10-ти јануари во Јавна соба ќе се одржи нова голема распродажба на производи кои се 100% дизајнирани и произведени во Македонија со што ќе се поддржат нашите дизајнерски брендови, а притоа ќе се прикаже квалитетот и понудата. За купувачите добра вест се големите колективни попусти и можноста да се најде нешто наше и ново на пазарот.

Dizajn_bazar

„Ова е голем подвиг за целиот македонски дизајн сектор! За прв пат во една организирана структура истапуваме на домашниот пазар, доделуваме огромни попусти, сé со цел го доближиме македонскиот асортиман до македонските купувачи. За прв пат се одобрува голем колективен попуст на целиот асортиман. Ова е одличен модел на здружување и знак дека активните дизајн брендови можат истиот рецепт да го применат и на странските пазари”, вели Тамара Георгиевска од компанијата  “We and Nature”.

Brendovi

Концептуалната продавница  во склоп на  дизајн центарот Јавна соба од ноември 2015 ги застапува македонските дизајн брендови и ги промовира активно во земјата и надвор. Во склоп на Дизајн базарот се органзирани и работилници за деца, музички настапи како и м изненадувања за публиката.  Влезот е слободен а целодневното уживање е загарантирано