Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманост(Фото) Голден Арт го прекина колективниот одмор, на жителите од поплавените места мора да им се помогне

(Фото) Голден Арт го прекина колективниот одмор, на жителите од поплавените места мора да им се помогне

Градежната компанија Голден Арт, поради настанатата ситуација  донесе одлука да се прекине колективниот одмор на сите вработени и одлучи да ангажира градежна механизација со цел да се расчистат поплавените подрачја во Скопје и околината и ќе учествува со градежни материјали и намирници за жителите на поплавените места. Вкупната вредност на активностите со кои што ќе учествува Голден Арт изнесува 1.000.000 денари.

Golden art 2

Golden art 3

-Сакаме да изразиме сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на поплавата. Сега е момент кога сите граѓани, без разлика на својата етничка или верска припадност, треба да покажат солидарност и да помогнат со било каква помош за погодените подрачја, велат од компанијата.

golden art 4