HomeДЕНЕШНАСветГолата статуа на Трамп продадена на аукција за близу 22.000 долари

Голата статуа на Трамп продадена на аукција за близу 22.000 долари

tramp-gola-statua

Статуа на голиот кандидат на републиканците за претседател на САД, Доналд Трамп во природна големина беше продадена вчера на аукција во Лос Анџелес за 21.800 долари, пренесоа ДПА и ТАСС.

Голата статуа, наречена „Царот нема топки”, беше продадена во аукциската куќа Џулиенс Аукшнс, се наведува во соопштението на нејзиниот официјален сајт на Твитер.

Фигурата на голиот Трамп со огромен стомак и исклучително мал пенис силно се појави во август, кога активисти поставија пет такви исти статуи во Сан Франциско, Њујорк, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл. Слики и селфија со делото го преплавија интернетот.

Властите ги отстранија статуите уште истиот ден кога се појавија.

Организаторите прецизираа дека засега не се планира продажба на која било од другите голи статуи на Трамп.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com