Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ започна триумфално на Вимблдон

Ѓоковиќ започна триумфално на Вимблдон

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, со победа ја започна одбраната на титулата. Минатогодишниот освојувач без поголеми потешкотии дојде до победа против германецот Колшрајбер. Тој до својата осма победа против германецот стигна откако по одиграни два часа и три минути, беше подобар во три идентични сета (6:4,6:4,6:4) .  Противник на Ѓоковиќ во второто коло ќе биде победникот од мечот меѓу Лејтон Хјуит и Јарко Ниеминен.

ссерена в

 

 

Со очекувано лесно победа стартуваше и главната фаворитка на женскиот дел од турнирот, Серена Вилијамс, која славеше со 6-4, 6-1 над Русинката Гаспаријан. Првата носителка и трикратна победничка на Вимблдон, Серена Вилијамс имаше мали проблеми на почетокот на мечот меѓутоа брзо излезе од кризата и доминираше до крајот на мечот