Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ: Тежок натпревар

Ѓоковиќ: Тежок натпревар

Новк Ѓоковиќ после пласманот во осминафиналната рунда во Рим изјави дека одиграл тежок натпревар со Стефан Робер. Првиот рекет во светот триумфираше со резултат од 7:5, 7:5, а во наредното коло го очекува средба со Томас Белучи. Српскиот тенисер истакна дека и покрај тешките услови за игра, во вистински моменти одиграл онака како што треба и запишал нов триумф.

„Ова беше навистина тежок натпревар поради повеќе причини. Условите за игра беа навистина тешки. Противникот имаше непредвидливи потези и одлични удари, а на ова ветровито време беше тешко да се воспостави вистински ритам на игра. Сепак, одиграв како што треба кога беше најважно и среќен сум поради пласманот во следната рунда“, нагласи Новак.