Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ со релативно лесен распоред на Вимблдон

Ѓоковиќ со релативно лесен распоред на Вимблдон

Актуелниот шампион на Вимблдон Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата ќе ја започне против Германецот Филип Колшрајбер. На патот до финалето ,Ѓоковиќ нема да се соочи со најголемите ривали.

мареј енди

На денешната ждрепка тој ги избегна Федерер ,Мареј и Надал, а пречка до големото финале на првиот светки рекет, ќе се обидат да му бидат освојувачот на Ролан Гарос, Станислас Вавринка кој неодамна успеа да го совлада србинот како и јапонецот Кеи Нишикори.

Novak-Djokovic196

Многу потешки натпревари на патот до финалето ќе има вториот фаворит, седумкратниот победник на Вимблдон, Роџер Федерер., Во неговата половина од ’костурот’ се наоѓаат двократниот освојувач на Вимблдон Рафаел Надал, кој доаѓа на турнирот како 10-ти носител и Енди Мареј со кого е можно вкрстувањето во четвртфиналето на турнирот.

Останува да видиме дали Ѓоковиќ ќе успее да ја задржи одбрани титулата, но во секој случај ќе гледаме крајно интересено и неизвесено натпреварување на трева.