Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ се намачи против Гофан, во четвртфиналето го чека дуел со Вавринка

Ѓоковиќ се намачи против Гофан, во четвртфиналето го чека дуел со Вавринка

Тенескиот рекет број еден во вчерашниот натпревар против Давид Гофан на тежок начин успеа да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати откако успеа да го порази противникот со 2:1 во сетови.

Дуелот беше сосема неизвесен, се очекуваше по првиот освоен сет со 6:4 Ѓоковиќ лесно да помине, но Гофан целосно ја смени сликата на натпреварот и изигра фуриозен втор сет кој заслужено го доби со 2:6. Сепак, темпото не издржа до крај и таквиот пад беше во полза на Новак кој од 0:3 на неверојатен начин успеа да добие шест гејмови по ред и да стигне до посакуваната победа.

Станислав Вавринка е противникот со кој Ноле ќе се соочи во четвртфиналето. Само за напомена, швајцарецот со три тај-брејкови го совлада Иво Карловиќ.