Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисЃоковиќ против Цонга во финалето на Мастерсот во Шангај

Ѓоковиќ против Цонга во финалето на Мастерсот во Шангај

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга ќе играат во финалето на Мастерс турнирот во Шангај. Во полуфиналните мечеви србинот славеше над Енди Марej, а Цонга беше подобар од Рафаел Надал.

Во првиот полуфинален дуел, Цонга славеше над Надал со 2:1 во сетови  (6:4, 0:6, 7:5) и благодарение на пласманот во финалето повторно ќе се врати меѓу најдобрите десет на АТП листата.

Во второто полуфинале Ѓоковиќ беше надмоќен и го совлада Енди Мареј со 2:0 во сетови. Србинот го доби првиот сет експресно, со 6-1 во гемови, а со сигурна игра продолжи и во вториот сет. Му препушти само три гема на Мареј и се пласираше во финалето.